ФУДБАЛ

Роналдо е шеф во Јунајтед: Солскајер доби јасна наредба од Португалецот

Кристијано Роналдо нема намера да седи на клупата на одредени натпревари и тоа јасно му го стави до знаење на клупскиот менаџер Оле Гунар Солскјаер.

Норвешкиот стручњак одлучи да го остави Роналдо на клупата на натпреварот против Евертон, со цел да го одмори, но португалецот не е задоволен од тоа.

Наводно, Роналдо јасно му стави до знаење на менаџерот на клубот дека сака да игра на секој натпревар од првата минута.

“Роналдо беше разочаран од фактот што остана на клупата. Оле мислеше дека е уморен по натпреварот со Виљареал и одлучи да му даде шанса само во второто полувреме против Евертон”, изјави извор од Манчестер Јунајтед за The Sun, додавајќи :

“Кристијано му рече дека е подготвен и сака да игра на секој натпревар од самиот почеток. Тој исто така му рече дека дошол да освојува трофеи и дека Солскјер мора да игра со најважните играчи на сите натпревари”.

Кристијано не беше задоволен по натпреварот со Евертон и тоа го покажа во тунелот на Олд Трафорд каде беше многу фрустриран.

Роналдо одигра шест натпревари откако дојде во Манчестер Јунајтед и постигна пет гола.