ФУДБАЛ

Роналдо ги помина медицинските прегледи: Потпишан е двегодишен договор

Кристијано Роналдо ги помина медицинските прегледи во родната Португалија и потпиша договор со Манчестер Јунајтед, пренесува добро информираниот Фабрисио Романо.

Официјално беше објавено во петокот дека 36-годишниот фудбалер ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Во понеделникот беше објавено дека Роналдо ги поминал медицинските прегледи и дека веќе потпишал договор со „црвените ѓаволи“. Романо известува дека соработката била договорена до јуни 2023 година.

Се додава дека платата на Португалецот ќе варира во зависност од бонусите, кои се предвидени со договорот.

Роналдо наскоро треба да добие виза за Велика Британија, а планирано е да се приклучи на тимот по паузата за репрезентацијата.

Потсетуваме, странските медиуми претходно објавија дека Јунајтед му понудил 15 милиони евра на Јувентус за овој трансфер, со бонуси.