Кристијано Роналдо денес предизвика големо внимание со своите објави на Инстаграм.
Португалецот на Инстаграм објави фотографија од младата sвезда на Барселона, Ансуа Фати, која збуни многумина.
Но, после тоа, Роналдо објави фотографии од уште неколку фудбалери, а потоа даде и објаснување зошто го сторил тоа.
Фудбалерот на Јувентус го стори тоа за маркетинг цели со цел да го промовира новиот модел на фудбалски копачки на Најк, кои, покрај другите, ги носи фудбалерот на Барселона.

Секако, шпанските медиуми веднаш започнаа да шпекулираат дека Роналдо сака да го донесе Ансу во Јувентус, но тоа брзо беше демантирано откако беше откриена вистинската причина за објавување на овие фотографии.