Кристијано Роналдо игра на неверојатно ниво речиси 15 години и со Лионел Меси без сомнение одбележа една фудбалска ера.
Најдобрите денови во кариерата Роналдо ги помина во Реал Мадрид каде играше девет години и успеа да освои речиси се што можеше.
Иако има речиси 37 години, сепак игра на одлично ниво и се уште не размислува за пензионирање. Роналдо ова лето се врати во Манчестер Јунајтед и покажа дека се уште е полн со мотивација и желба да остави уште подлабока трага во фудбалот доколку е можно.
Иако веќе е во доцните играчки години, сепак цената на Роналдо на Трансфермаркт е 35 милиони евра, што е навистина неверојатно за фудбалер на негова возраст.
Сепак, интересно е што Роналдо баш и не се согласува со цените на Трансфермаркт, а тоа еднаш им го соопшти на луѓето кои го водат тој сајт.
Имено, менаџерот Даниел Буш кој е задолжен за Трансфермаркт во Велика Британија изјавил дека Роналдо ги блокирал на социјалните мрежи откако им рекол дека не му ставиле добра цена.
„Тоа беше список на фудбалери на возраст од 33 и повеќе години, а тој беше убедливо најскапиот фудбалер на таа листа, вредеше 75 милиони евра во тоа време и беше 30-40 милиони поскап од вицешампионот на таа листа, но тој не беше задоволен“, рече Буш и продолжи.
“Го ставивме тој список на Инстаграм и имаше десет играчи. Потоа се јави Роналдо и рече дека мисли дека вреди повеќе. Момците кои го водат нашиот Инстаграм профил му одговорија и објаснија зошто вреди толку многу и дека е далеку пред сите. Тој ни испрати емоџи, а потоа не блокираше“.
Cristiano Ronaldo blocked Transfermarkt after they valued him at €75m 😅 pic.twitter.com/UK4iDbd93Z
— ESPN FC (@ESPNFC) January 28, 2022
Највисоката цена на Роналдо на Трансфермаркт беше во 2015 и 2018 година, кога вредеше дури 120 милиони евра. Сега се очекува неговата цена да падне, на 35 милиони евра.