Славниот бразилски напаѓач Роналдо го избра најдобриот соиграч во својата богата кариера.
Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, тој играше со великаните на светскиот фудбал во Барселона, Интер, Реал и Милан, а најмногу го импресионираше Зинедин Зидан.
Легендарниот Французин беше прогласен за најдобар со кој играше Роналдо.
“Зизу е најдобриот фудбалер со кој сум играл, а сега тој е и тренер со освоени три последователни титули во Лигата на шампионите. Понекогаш се прашувам дали Зидан е подобар како играч или како тренер. Нема одговор”, рече Роналдо.
Роналдо и Зидан играа заедно во Реал Мадрид од 2002 до 2006 година. Тие беа дел од познатите Галактикос и ја освоија титулата во 2003 година.
Роналдо откри и кои играчи го инспирирале додека растел:
“Марко ван Бастен. Го гледав италијанскиот фудбал уште од дете и му посветував особено внимание. Исто така, Марадона и Кројф се моја инспирација и Зико. Тој играше во Фламенго, а јас сум фан на тој тим. Пробав да земам нешто од сите нив нешто од сите нив и можам да кажам дека сум горд на кариерата што ја имав “.
Бразилската легенда има одиграно 616 натпревари во текот на целата долга кариера и постигнало 414 голови. За жал, две сериозни повреди во дресот на Интер му оневозможија да стане најдобар на сите времиња.
Сепак, нема сомнеж дека неговото име и настапи ќе бидат запаметени засекогаш.