Доколку не биде како што сакаше, Кристијано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед.
Португалскиот репрезентативец летово се врати на Олд Трафорд и веднаш стана лидер на тимот, а со неколку голови им донесе радост на навивачите на англискиот клуб.
Но, и покрај тоа, се шпекулира дека Португалецот е излишен на Јунајтед, дека ниту тој не може да спаси тим кој има многу осцилации, а сега е најавено дека и самиот Португалец е свесен за тоа и ќе си замине ако не ја исполни целта.
Тој дојде по трофејот. Пред се, тој ја сака Лигата на шампионите, трофеј што го нема освоено со години. Сепак, тоа е малку нереална цел, исто како освојувањето на Премиер лигата, но она што дефинитивно би го оддалечило Роналдо од Олд Трафорд е евентуалниот неуспех да се избори за место во Лигата на шампионите.
Роналдо сака секоја година да игра во Лигата на шампионите и доколку Јунајтед го нема следната година, тој е решен да си замине и тоа веќе им го соопшти на блиските во клубот.
По 11 кола „црвените ѓаволи“ се само на шестото место со 17 бодови, а со оглед на силната конкуренција сезонава, вистинско прашање е дали би можеле да стигнат до една од првите четири позиции на табелата.
Триесет и тригодишниот Роналдо оваа сезона постигна четири гола на осум натпревари во Премиер лигата, додека во неговото омилено натпреварување – Лигата на шампионите, постигна пет гола на четири натпревари.