Португалскиот тим синоќа ја совлада Холандија со 1:0 и го освои трофејот на Лигата на нациите.
Португалија на домашен терен успеа да го освои трофејот од Лигата на нациите, а уште еднаш блесна Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик во полуфиналето.
Сепак, по финалниот меч, многумина беа изненадени што Бернардо Силва беше прогласен за играч на турнирот. Тоа се чинеше дека го изненади и Роналдо кој на прво не реагираше многу среќно.
Многумина го обвинија Роналдо дека му било криво за наградата на Силва и дека реагирал себично. Но, снимката што се појави на социјалните мрежи беше многу пократка од она што навистина се случило.
Вистината е дека Роналдо на почетокот не скокнал од среќа, но сепак се гледа дека е среќен што Бернардо ја освоил наградата и дека сигурно верува дека неговиот колега го заслужи тоа.
Доволниот факт дека Роналдо дури и не ја очекувал наградата бидејки тој не играл во групната фаза на Лигата на нациите.
https://twitter.com/Amin12__/status/1137825993375322115