Нај добриот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе го пропушти дуелот од последното коло во италијанската Серија А, со Сампдорија.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри на прес конференцијата соопшти дека му дал одмор на Роналдо поради репрезентативни обврски.
„Роналдо нема да игра. Тој ќе се одмори пред повикот во националниот тим за кој ќе игра во Лигата на нациите. Ќе биде фер ако дозволиме други играчи да играат“.
Јувентус кој поодамна ја има обезбедено шампионската титула во Италија, утре од 18 часот и гостува на Сампдорија.