ФУДБАЛ

Роналдо го пропушти тренингот пред Јужна Кореја

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо го пропушти тренингот со тимот во пресрет на натпреварот против Јужна Кореја, во третото коло од групата Х на Светското првенство, објавија денеска шпанските медиуми.

Роналдо тренираше самостојно, објави Марка. Роналдо не е неизвесен за натпреварот против Јужна Кореја, но селекторот Фернандо Сантос би можел да го одмори бидејќи тимот веќе се пласираше во осминафиналето и му треба бод во петок за да биде на првото место во групата. Отавио, Данило Переира и Нуно Мендеш ќе го пропуштат натпреварот кој се игра во петок од 16 часот, објави Еуроспорт.

Доколку Португалија го освои првото место во групата, во осминафиналето ќе игра против второпласираната селекција од групата Г во која се Бразил, Швајцарија, Камерун и Србија. Светските медиуми претходните денови шпекулираа дека Роналдо би можел да се пресели во Саудиска Ал Наср, но 37-годишниот фудбалер нема да донесе одлука додека не учествува на Мундијалот.

Се наведува дека Роналдо до 2025 година би добивал годишна плата од речиси 200 милиони евра, но дека проблем се спонзорските договори, па се уште не е постигнат конечен договор.