Манчестер Јунајтед забележа три бода на гости во второто коло од Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи“ го совладаа Шериф со 0:2 и така по две кола дојдоа на втората позиција во групата Е.
Кристијано Роналдо го постигна и првиот гол во Лига Европа. Португалецот во 39. минута од пенал ја затресе мрежата на Шериф.
Сепак, Португалецот се најде во центарот на вниманието на полувремето од мечот поради неговиот страшен потег.
Една од девојките која работела во медицинскиот персонал на Шерифот на влезот во тунелот побарала селфи со Роналдо, што Португалецот го одбил. Роналдо само замавна со раката кон девојката и влезе во соблекувалната.
Од друга страна, девојката останала да плаче и шокирала од потегот на Роналдо. Ова можеби и беше единствената можност да се слика со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во нејзината колекција, но поради нејзиното несфатливо однесување желбата не и се исполни.
A fan asked Ronaldo for a picture during the halftime of the United game but he refused to take it… https://t.co/qYIRsvmtQU
— . (@DashingYamal) September 15, 2022
Роналдо веднаш наиде на огромни критики не само од фудбалската јавност туку и од навивачите на Манчестер Јунајтед бидејќи неговиот вечерашен потег навистина не е во стилот на големите ѕвезди.
Девојчето заплака малку, и тоа со голема причина. Можеби не ја повреди толку тоа што остана без фотографија, колку однесувањето на Роналдо, кој одмавна со раката и дрско ја извести дека нема фотографија.

Очигледно Роналдо во последно време не е вистинскиот. Можеби помогна фактот што не заврши трансфер во текот на летото и остана жител на Олд Трафорд.
Понуди за Португалецот имаше, а најконкретен беше Наполи, сепак конечен договор не беше постигнат.