ФУДБАЛ

„Роналдо го смени менталитетот на Манчестер Јунајтед“

Англискиот лев бек Лук Шо зборуваше за големото влијание на португалската sвезда врз „Црвените ѓаволи“. 36-годишникот го земаат како пример другите играчи

Кристијано Роналдо го промени менталитетот на Манчестер Јунајтед.

Шо остана импресиониран со фокусот на тренинзите и професионалноста на 36-годишникот.

Британскиот дефанзивец смета дека силното раководство на Роналдо може да го подобри тимот и да ја зголеми неговата самодоверба.

Сепак, Јунајтед треба да се подобри откако претрпе три загуби во септември, а потоа и ремизираше со Евертон на почетокот на октомври.

Роналдо постигна решавачки гол на неколку натпревари за „црвените ѓаволи“.