Ал Наср по ремито со Пари Сен Жермен пред два дена, денеска успеа да остане непоразен во пријателскиот натпревар против Интер. Натпреварот во Осака заврши со резултат 1:1. Првото полувреме беше квалитетно, тренерите Инзаги и Кастро исфрлија силни екипи. За Саудијците мечот го започнаа Роналдо, Талиска, Фофана, Телес, како и Брозовиќ, кој така играше против довчерашниот клуб. Ал Наср поведе со голот на Гариб во 23. минута, а израмни Давиде Фратези, големото засилување на Интер во 44. минута. Во продолжение тренерите направија голем број промени, ритамот падна, па резултатот не се менуваше.
Роналдо и Ал Наср ремизираа против вицешампионот на Европа (ВИДЕО)
