Кристијано Роналдо го промаши и вториот пенал во дресот на Јувентус против Милан, но за среќа пеналот не влијаеше на конечниот исход бидејќи Бјанконерите се квалификуваа во финалето.
Роналдо не се прослави во првиот натпревар по тримесечна пауза. Покрај промашениот пенал, тој имаше неколку други потези неразбирливи за неговите квалитети.
На крајот од првото полувреме, тој се обиде да удри „свеќа“ со глава, но ја погрешил траекторијата на топката, па не успеал во тоа што го замислил.
Најпопуларниот фудбалер на денешницата направи грешки на почетниците во неколку наврати, особено при предавањето на топката, а сосема е јасно дека тој сè уште не е во оптимална форма.
Сепак, знаејќи го Роналдо и неговиот менталитет, лошата игра ќе биде само негов мотив да биде уште подобра во следниот натпревар. Тој ќе има нова можност во финалето на Купот на Италија во среда.