ФУДБАЛ

Роналдо иако одигра два одлични натпревари за Португалија, нема да игра на утрешниот натпревар против Аталанта

Репрезентативната пауза заврши, се вративме во клупскиот фудбал, но не и Кристијано Роналдо.

Иако има играно на натпревари против Литванија и Луксембург за Португалија, Роналдо ќе одмори во наредните натпревари на Јувентус.

Секако, повторно, печатот беше заинтересиран зошто Сари порано го извади Ронадо  на натпреварот против Милан пред репрезентативната пауза. Овој потег предизвика многу реакции, многумина веруваат дека дошло до заладување на односите помеѓу Сари и Роналдо.

„Нема ништо негативно меѓу мене и него. Овие работи се случуваат и тие се нормални“, рече Сари.

Роналдо ќе го пропушти утрешниот натпревар во Серија А, но треба да биде подготвен за судир во Лигата на шампионите против Атлетико.

Какви играчи затекна Сари по пристигнувањето од репрезентативните собири?

„Сè уште не сум ги видел сите. Квадрадо се врати вчера, дури и малку предавнички. Накратко, ги најдов како што ги наоѓате кога ќе се вратат од репрезентација, сите полни со ситни проблеми и мали тешкотии. Данило не требаше да вложи напор затоа што имаше период кога не играше затоа што е повреден, Ремзи претходно немаше одиграно натпревар, но сеуште е прв во Лигата на шампионите, па почнаа да се чувствуваат добро. Без сомнение вистинскиот проблем е со Алекс Сандро, дури и ако излезе помалку сериозно од гласините што доаѓаа од репрезентацијата на Бразил. За среќа, прегледите откриле дека сè е во ред со Пјаниќ и тој треба да биде достапен за овој натпревар“.

Јуве утре со почеток во 15:00 часот ќе биде гостин на Аталанта, во натпреварот од 13. коло во Серија А.

ПОВРЗАНО

Серија А