ФУДБАЛ

Роналдо играч на месецот во Премиер лигата

Кристијано Роналдо е прогласен за играч на месец април во Премиер лигата. Португалецот по втор пат сезонава ја освои втората награда за најдобар во еден месец.

Во април, Роналдо постигна пет гола на четири натпревари. Во поразот од Арсенал од 3:1 го постигна 100-от гол во Премиер лигата.

Следуваше хет-трик во победата против Норич 3:2, а потоа и израмнувачки гол против Челзи за 1:1.

Роналдо со тоа по шести пат беше прогласен за играч на месецот во елитните редови на англискиот фудбал и беше осамен на врвот на вечната листа пред Хари Кејн и Кун Агуеро, кои пет пати ја добиваа оваа награда.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСветско првенство 2026