ФУДБАЛ

Роналдо изминатиот викенд сфати каква порака му испраќа Тен Хаг и ја донесе очекуваната одлука

Викендов Ерик тен Хаг уште еднаш му докажа на Кристијано Роналдо дека не е во неговите планови.

 

Роналдо направи голема грешка летово кога со сите сили се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед, па дури и бојкотираше голем дел од летните подготовки, а дури пред почетокот на сезоната кога сфати дека нема врска со трансферот тој се приклучи на тимот.

 

Ова скапо го чинеше со новиот тренер Тен Хаг, кој веднаш донесе одлука Роналдо да нема да биде стартер оваа сезона, иако беше убедливо најдобар играч на Манчестер Јунајтед минатата година.

Очигледно холандскиот стручњак решил да му покаже на Роналдо дека не треба да се однесува толку арогантно и дека тимот е на прво место и дека нема да толерира вакви потези на Португалецот.

 

Роналдо викендот го следеше натпреварот од клупата во градското дерби против Манчестер Сити, што ги изненади сите. Јунајтед доживеа тежок пораз и губеше со 4:0 по првото полувреме, а веќе на полувремето многумина очекуваа ЦР да влезе на теренот.

 

Сепак, Тен Хег воопшто не му даде шанса на овој меч, што беше навистина големо изненадување, но и потврда дека не го променил ставот иако е еден од најдобрите играчи во светот.

Англиските медиуми пишуваат дека ова било најдобар показател за Роналдо дека очигледно нема да игра оваа сезона, па решил повторно да се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед.

 

Телеграф објави дека Роналдо е решен повторно да ги напушти „црвените ѓаволи“ во јануари и да ја најде среќата во нов клуб каде што ќе има многу поголема минутажа отколку што е моментално.

Исто така, медиумите во Англија истакнуваат дека Тен Хаг нема да му прави проблем на Роналдо и дека веќе му кажал дека нема ништо против неговото заминување доколку на адресата на Јунајтед пристигне задоволителна понуда за него.

 

Во досегашниот дел од сезоната во дресот на Јунајтед, Роналдо забележа осум настапи во сите натпреварувања, но најмногу дојде од клупата. Успеа да постигне еден гол во Европската лига.