ФУДБАЛ

Роналдо ја дуплира годишната плата во Ријад?

Кристијано Роналдо ќе го удвои својот годишен приход во Ал Наср со тоа што ќе стане амбасадор на кандидатурата на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2030 година.

Португалецот, кој неодамна потпиша договор до 2025 година со клубот од Ријад, ќе заработува 200.000.000 евра годишно.

Сепак, по најавата дека ќе биде еден од промоторите за СП 2030 година. на кој Саудиска Арабија сака да биде домаќин заедно со Египет и Грција, Роналдо ќе добие дополнителни 200.000.000 евра, откри извор од агенцијата АФП.

„ Договорот е поддржан од кралското семејство зад Ал Наср, вклучително и владетелот принцот Мохамед бин Салман “, изјави изворот за АФП.

Она што не се знае е дали Португалецот би добил пари од еден дел или од неколку уплати.

Така може да се случи неговата неделна плата да достигне ниво од 1,13 милиони евра.