ФУДБАЛ

Роналдо ја одби понудата на Јувентус затоа што веќе има уште еден договор?

Тимот на Јувентус му понуди на Кристијано Роналдо продолжување на нивната соработка до 2024 година.

Старата дама од Торино направи фантастичен потег ангажирајќи еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и не е ни чудо што сакаат да го задржат и покрај тоа што има 35 години.

Сепак, иако понудата на Јувентус е на маса, Роналдо, наводно, ќе ја отфрли бидејќи планира кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига.

Роналдо планира да се пресели во САД на крајот на неговиот тековен договор со тимот од Торино во летото следната година, каде што би можел да игра за Интер од Мајами.

Наводно, Кристијано и сопственикот на клубот Дејвид Бекам веќе имаат договорена соработка до летото 2022 година и секако Роналдо би бил огромно засилување за овој клуб.

Сигурно, Кристијано би бил огромна sвезда во МЛС и од маркетинг страната, одењето во САД би можело да му донесе огромен профит.