ФУДБАЛ

Роналдо ја посети фабриката на Ферари и веднаш „уплати“ 1,6 милиони евра

Кристијано Роналдо вчера ја посети фабриката на Ферари во Маранело со првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Роналдо вчера не беше на тренингот на Старата дама по дебаклот против Милан (0:3) и многумина се прашуваа каде е, но наскоро клубот потврди дека тој отишол во фабриката во Ферари.

Ањели го покани Роналдо да го посети Маранело заедно со него каде ја обиколија фабриката во Ферари, а Португалецот немаше ништо против тоа бидејќи е голем љубител на автомобили.

Познато е дека Роналдо не заштедува пари кога се во прашање автомобилите, а тоа го покажа со неговата посета на Ферари, каде што веднаш реши да ја „олесни“ неговата сметка во банка.

Имено, Роналдо реши да купи Ферари Монца СП2, кој го плати дури 1,6 милиони евра. Златан Ибрахимовиќ неодамна купи вакво Ферари, а сега не можеше да одолее ниту Роналдо.

Ова Ферари може да постигне брзина од 100 км на час за само 2,6 секунди и според медиумите во Италија, Роналдо добил тест возење пред купувањето.

Роналдо во својата гаража има разновидни автомобили, а сигурно е дека се истакнуваат Бугати, Мекларен Сена, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класе Г Брабус. Неговата флота вреди скоро осум милиони евра.