Кристијано Роналдо стави крај на 2017 година со индивидуална награда, откако беше именуван за најдобар играч во изборот на Globe Soccer. Признанието се доделува за седма година по ред, а Португалецот ја освојува по четврти пат (2011, 2014 и 2016 година). Во пласманот тој ги претекна Лионел Меси, Нејмар, Џанлуиџи Буфон, Килијан Мбапе, Серхио Рамос и Паоло Дибала.
Наградите се врачуваат од Европската асоцијација на фудбалските агенти и Европската клупска асоцијација, но се спонзорирани од ОАЕ, и се одржуваат во Дубаи.
Роналдо беше награден за извонредната сезона, која ја направи неговиот тим Реал Мадрид. Кралскиот клуб ја освои Лигата на Шампионите втора година по ред, а освен тоа триумфираше и во Ла Лига, го освои Суперкупот на Шпанија и Европа, како и светското клубско првенство.
Во почетокот на декември, тој ја освои Златната топка по петти пат, со што се израмни со Лионел Меси. Во годината Роналдо беше избран за бр.1 и во анкетата на ФИФА, која веќе се нарекува „Best“.
Очекувано Реал го доби признанието за тим на годината, а Зинедин Зидан е најдобриот тренер.
Еве ги и наградените од Globe Soccer:
Најдобар играч: Кристијано Роналдо (Реал)
Најдобар тренер: Зинедин Зидан (Реал)
Најдобар тим: Реал (Мадрид)
Најдобар агент: Жорже Мендеш
Фудбалски шеф на годината: Вадим Василев (Монако)
Награда за извонредна кариера: Франческо Тоти и Карлес Пујол
Наградата за постигнувања во тренерската професија: Марчело Липи
Најдобар судија: Феликс Брих (Германија)
Најдобро првенство: Ла Лига (Шпанија)
Награда за спортски бизнис: Феран Сориано (Манчестер Сити)
Најдобар тренер на арапски тим: Ектор Купер (Египет)
Најдобар арапски тим: Саудиска Арабија