Директорот на Јувентус, Фабио Паратиќ уверува дека португалската sвезда ќе игра во Торино и следната сезона
Кристијано Роналдо без сомнение ќе биде дел од Јувентус следната сезона.
Дури и менаџерот на „Бјанконерите“ откри дека португалската sвезда сака да ја освои Златната топка со неговите настапи во Италија.
Неодамна се шпекулира дека 34-годишниот фудбалер ги оладил односите со тренерот Маурицио Сари и за евентуално заминување.
Роналдо не играше на некој од последните натпревари поради повреда на коленото, токму поради тоа се шпекулираше за расправија со тренерот.
Португалскиот репрезентативец синоќа не беше на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, но беше избран за играч на годината во италијанската Серија А.