Кристојано Роналдо ги искажа своите барања, за продолжување на соработката со Реал Мадрид.
Роналдо од раководството на Реал, побара шестгодишен договор и зголемување на платата на 75 милиони евра по сезона како услов да остане во клубот, објави шпанска „Кадена Копе“.
Официјалниот договор на Роналдо со актуелниот европски шампион е до 2021 година, но Португалецот, веднаш по во финалето на Лигата на Шампионите, најави можност да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Доколку Реал е подготвен да ги прифати овие барања на Роналдо, тој ќе стане убедливо најплатен фудбалер во светот.
Во моментов прв на таа листа е Лионел Меси од Барселона, со 50 милиони евра годишна заработка.