ФУДБАЛ

Роналдо: Мбапе е сегашност и иднина на фудбалот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо смета дека sвездата на ПСЖ, Калјан Мбапе е сегашност и иднина на светскиот фудбал.

Мбапе стана еден од најдобрите фудбалери во светот, откако го направи своето деби со клубот од Лига 1, Монако, во сезоната 2016/17.

Иако има 21 година, тој го освои Светскиот куп со Франција, три титули во лигата и три други домашни трофеи со ПСЖ и Монако.

Мбапе, за кого се шпекулира дека ќе му се придружи на Реал Мадрид, доби пофалби од суперeѕвездата на Јувентус и петкратниот победник на Златната топка, Кристијано Роналдо.

„Мбапе е иднина и сегашност“, изјави Роналдо за „Марка“.

„Тој е фантастичен играч, многу брз и ќе биде иднината“, додаде тој.