ФУДБАЛ

Роналдо: Ми требаше гол од слободен удар за да добијам на самодоверба

Откако се пресели во Јувентус, Роналдо нема постигнато гол од слободен удар.

На вечерашниот натпревар Роналдо постигна гол од слободен, а по натпреварот ги сподели своите впечатоци.

„Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но победивме и создадовме притисок врз Лацио.  Сега треба да гледаме напред и да го победиме Милан во следното коло. Мене ми требаше гол од слободен удар за да добијам на самодоверба. Не е важно дека јас и Дибала постигнавме гол. Најважна е победата и трите бода. Вистината е дека соработувам добро со Дибала како и со целиот тим“, потенцира Роналдо.

Јувентус е лидер на табелата со 75 бода од 30 натпревари, пред Лацио кој има 68 бода од 29 средби. зс/