ФУДБАЛ

Роналдо: Мора да продолжиме со цел фокус на следниот натпревар, ја почитуваме Македонија…

Следниот противник на Македонија за пласман на Светското првенство во Катар е репрезентацијата на Португалија.

Кристијано Роналдо даде изјава пред натпреварот со Македонија.

„Го направивме првиот чекор кон СП 2022. Се уште ништо не е постигнато, ништо не е остварено. Мора да продолжиме со цел фокус на следниот натпревар. Ја почитуваме Македонија, но секогаш постои верба во нашите способности. Напред Португалија, одиме во Катар“, порача Роналдо.

Натпреварот се игра во Порто во вторник со почеток во 20:45 часот.