ФУДБАЛ

Роналдо: Морам повторно да го видам голот, Алегри: Тоа треба и на децата да им се покаже (видео)

Кристијано Роналдо вчера го постигна седмиот гол во дресот на Јувентус, но и нај убавиот гол откако пристигна од Реал Мадрид.

Роналдо беше единствениот стрелец за Јуве и му донесе пресврт и победа против Емполи. По натпреварот, тој даде интересна изјава, по прашањето за мајсторијата, кој ги згасна надежите на Емполи во 70. минута.

“Тоа беше солидна игра. Знаевме дека ќе биде комплицирано, а тренерот го предвиде тоа, но правилно одговоривме. Не се сеќавам на голот баш најдобро, ќе морам повторно да го видам, бидејќи сè се случи брзо. Молчев, бидејќи верував во себе”, рече Португалецот.

“Благодарение на неверојатниот играчи дојдовме до победа, се надевам дека и на децата ќе им го покаже овој гол, да се обидат да го емитираат”, рече тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри.