Кристијано Роналдо е во изолација повеќе од две недели откако беше позитивен на тестот за коронавирус.
Португалецот е крајно лут бидејќи нема симптоми на инфекција, па ги нарече ПЦР-тестовите ср*ње, но едноставно мораше да остане дома.
Сепак, од вторник, Кристијано конечно би можел да започне со тренинзи. Според „Тутоспорт“, протоколот во Италија дозволува секој што е асимптоматски со вирусот да ја напушти изолацијата по 21 ден бидејќи е невозможно да се зарази друго лице.
За жал, Роналдо нема да може да игра се додека не биде негативен на тестот. Тој ќе може да тренира самостојно од вторник, но нема сомнение дека ЦР ќе побара ново тестирање.
Јувентус без Кристијано игра многу лошо и нема сомнение дека сите едвај чекаат првата sвезда на тимот да се врати на терените.