Голем број на одлични играчи играа со Роналдо, но Бразилецот откри денес кој е најдобриот со кого ја делел соблекувалната.
Роналдо играше за големи клубови како Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан, но воопшто тој имаше можност да игра заедно со најголемите фудбалски мајстори преку настапи во Бразил.
Ел Феномено не зборуваше често за тоа кој е најдобриот со кој играше, но денес, честитајќи му го за роденденот, тој откри дека станува збор за Зинедин Зидан, со кого играше за Реал во 2002 година.
„Ти си најдобриот со кој сум играл досега“, напиша Роналдо во честитката на славниот Французин за роденденот, на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CBxttakHFuS/?utm_source=ig_embed