ФУДБАЛ

Роналдо најде вистински рај на земјата во Манчестер, Георгина ќе биде воодушевена

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер и најде вила во која ќе живее со своето семејство.

Роналдо е навикнат на луксузен живот, па беше јасно дека по враќањето во Англија, ќе избере посебно место за престој со семејството.

На крајот нашол вила во која има затворен базен, џакузи, домашно кино, пространи соби, бројни бањи, се што ќе го направи животот поудобен и подобар за Португалецот, неговата свршеница Георгина и децата.

Роналдо мора да се стави во карантин пет дена по враќањето од репрезентативниот собир, но би можел да дебитира за својот поранешен клуб на натпреварот против Њукасл викендов.