Рекордите што Кристијано Роналдо ги дели со некои други играчи се ретки.
Со три гола против Каљари, Кристијано Роналдо успеа да го постигне својот прв хет трик во Серија А од преселбата во Јувентус во летото 2018 година.
Португалецот по трипати на еден натпревар ја пресеше мрежата во Премиер лигата како фудбалер на Манчестер Јунајтед и во Ла Лига каде играше за Реал Мадрид.
Интересно е што Роналдо не е првиот фудбалер кој успеал на овој подвиг. Алексис Санчез тоа го направи порано.
Чилеанецот постигна хет-трик во Серија А додека беше член на Удинезе, во Ла Лига додека го носеше дресот на Барселона, а во Премиер лигата како напаѓач на Арсенал во победата од 5:2 над Лестер Сити во 2015 година.
Патем, Санчез летово се врати во Апенините, потпишувајќи за Интер.