Податоците од сензорот поставен во топката потврдија дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не бил стрелец на првиот гол на натпреварот против Уругвај, пренесе ИС-Пи-Ен (ЕСПН).
Ова за американската телевизија го потврдија Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и производителот на топки Адидас.
Дефинитивно можеме да потврдиме дека немаше контакт со топката од Кристијано Роналдо за водечкиот гол на натпреварот“, се вели во соопштението.
Cristiano Ronaldo when he thought the goal was his vs when he found out the goal wasn’t his 😂👀pic.twitter.com/gPTd5VqWQf
— SPORTbible (@sportbible) November 29, 2022
Фудбалерите на Португалија во понеделникот се пласираа во осминафиналето на Светското првенство, бидејќи во второто коло од групата Х го победија Уругвај со 2:0.
Водечкиот гол на натпреварот го постигна Португалија во 54. минута, кога Бруно Фернандеш ја испрати топката кон голот, но во првиот момент се чинеше дека Роналдо ја фати топката во скок.