ФУДБАЛ

Роналдо: Не зажалив што се вратив во Јунајтед

Кристијано Роналдо изјави дека не жали што минатата година се вратил во Манчестер Јунајтед и покрај лошата сезона и случувањата во клубот.

„Секако, среќен сум што се вратив во клубот, каде што ги направив најважните чекори во мојата кариера. Чувството беше неверојатно. Беше убаво да се почувствува поддршката од навивачите и нивната среќа. „Сè уште сум среќен што сум тука“, рече Роналдо , додавајќи дека сè уште верува во голем Јунајтед.

„Се уште верувам дека Манчестер Јунајтед ќе се врати таму каде што природно припаѓа. Како што реков, ќе потрае многу време, но не треба да се откажуваме“.

Суперѕвездата собори многу рекорди во кариерата, а на прашањето на новинарите дали ги брка понатаму, тој рече дека не е оптоварен со тоа.

„Рекордите доаѓаат природно. Јас не следам рекорди, но мене ме следат рекордите. Добро е. Сè уште имам мотив да продолжам. Само треба да продолжите да работите напорно. Сè уште ја сакам таа страст за играта. И секако ми помогнаа соиграчите, па морам да ги почитувам сите луѓе кои ми помагаат“.

Португалецот изразува посебна благодарност до навивачите.

„Нашите навивачи се неверојатни. И кога губевме натпревари, тие продолжија да не поддржуваат, тие се секогаш со нас. Навивачите секогаш ќе бидат во моето срце, а тоа се луѓе кои сите ги почитуваме бидејќи се секогаш со нас“, заклучи Роналдо.