ФУДБАЛ

Роналдо: Не знам дали вечерва ќе го гледам натпреварот, но се надевам дека Интер ќе загуби

Јувентус денеска го совлада Каљари со 4:0 со брилијантна игра на Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик и една асистенција.

Тоа беше првиот хет-трик на Роналдо во Серија А и интересно е тоа што има постигнато гол против секој тим во италијанскиот шампионат.

„Најважно е тимот да победи“, изјави Роналдо за „Скај Спорт“ по одличниот настап, додавајќи:

„Игравме добро и создадовме многу шанси. Задоволен сум од хет-трикот, но што е најважно, победивме и извршивме притисок врз Интер. Се подобруваме од натпревар во натпревар, не само во одбраната, туку и во средниот ред и нападот. Ние сме комплетен тим и мора да работиме заедно во сите фази на играта “.

Јуве ја заврши својата работа, сега се надева дека Интер вечерва ќе загуби од Наполи.

„Не знам дали ќе го гледам, но очигледно се надевам дека Интер ќе загуби затоа што тоа ќе ни помогне. Во секој случај, го сторивме она што требаше да го сториме и сега можеме само да почекаме”, рече Роналдо.

Јуве сега има 45 бода, Интер има 42 и натпревар помалку, но исто така и многу тешка посета во Неапол, па Роналдо со право се надева на кикс на Интер.

 

ПОВРЗАНО

Серија А