ФУДБАЛ

Роналдо негираше дека сака да има повеќе Златни топки од Меси, а потоа се појави видео од 2019 година (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо заврши шести во изборот за најдобар играч на светот за 2021 година.

Роналдо доминираше на фудбалската сцена со Лионел Меси повеќе од десет години, но претходните години не се однесува баш како што очекуваше.

Најдобар доказ за тоа е што заврши на шестата позиција во рангирањето на најдобрите светски играчи, што е негов најслаб учинок во последните години.

Работата да биде уште полоша, новата Златна топка ја освои Лионел Меси, кој е негов најголем конкурент, а за Аргентинецот ова беше седма златна топка во кариерата.

Роналдо, пак, освои пет Златни топки и сега е јасно дека тешко ќе го победи Меси бидејќи е на крајот од кариерата. Уредникот на Франс Фудбал, Паскал Фере изјави дека Роналдо сака да заврши пред Меси по бројот на овие награди, а тоа веднаш го демантираше.

“Знам дека Кристијано има само една амбиција, а тоа е да ја заврши кариерата со повеќе Златни топки од Меси. Сигурен сум во тоа бидејќи тој ми го кажа тоа”, изјави Фере, а набрзо се огласи и Роналдо.

Имено, Роналдо се огласи на Инстаграм и му одговори на Фере дека не ја кажува вистината и дека никогаш немал амбиција да го надмине Меси во однос на освојувањето на Златните топки.

Но набрзо потоа се појави изјавата на Роналдо од 2019 година, која тој веднаш ја демантираше. Потоа во интервјуто што го даде за Пирс Морган рече дека неговата цел е да има повеќе Златни топки од Меси.

“Кој рекорд најмногу би сакал да го имам? Би сакал да имам најмногу златни топки во историјата на фудбалот. Би го сакал тоа и мислам дека го заслужувам. Меси е одлично момче и фудбалер, но мислам дека морам да имам шест, седум или осум златни топки, главно повеќе од него“, изјави тогаш Роналдо, додавајќи.

„Ние не сме пријатели, но оваа фаза ја делиме 15 години. Имам добар однос со него и знам дека тој ме „турка“ да бидам подобар играч, а исто така и јас него. Тој е најдобриот играч против кој сум играл“.