Настапот на Кристијано Роналод под знак прашалник поради отсуство од последниот тренинг. Роналдо наводно има мал, но сериозен, проблем пред дуелот со Барселона и тоа со мускулите.
Ваквата информација доби на значење затоа што в сабота е на програма најголемиот дерби натпревар во Примера дивизион, популарното “Ел Класико”.
Португалецот почна да чувствува болка веднаш откако заврши Светското клупско првенство, а од таборот на “кралскиот клуб” потврдија дека Роналдо последниот тренинг го одработил одвоено, а не со останатите тимски колеги.