Манчестер Јунајтед вечерва од 21 часот ќе се сретне со Аталанта во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.
По две одиграни кола, италијанскиот тим ја чека групата со четири бода, Јанг Бојс и Јунајтед имаат по три, додека актуелниот победник во Лигата на Европа, тимот на Виљареал, моментално е последен.
Јунајтед во моментов е во многу лоша форма. Од последните пет натпревари, тие славеа само една победа, во Лигата на шампионите против Виљареал, со голот на Роналдо во последните моменти од натпреварот. Во овој дуел, тие имаат императив за победа.
Тренерот Оле Гунар Солскјер истакнува дека ќе има многу незгоден противник.
„Импресиониран сум од Аталанта. Како играат, како развиваат играчи, резултати што ги имаат. „Тие можат да создадат многу проблеми“ , рече Солскјер.
🔊 "I'm very impressed by Atalanta's way," adds the boss.
"The style they play, the way they develop players, the results they've had. It's a team that can cause you problems."#MUFC | #UCL
— Manchester United (@ManUtd) October 19, 2021
Од друга страна, Кристијано Роналдо, првата sвезда на тимот, се огласи на својот Инстаграм профил.
„Доаѓа нашето време! Мораме да покажеме за што сме создадени, а Лигата на шампионите е совршена можност за тоа. Нема оправдување! Одиме!“, Напиша Португалецот.