Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо одби да се приклучи на тим од Саудиска Арабија, открива Мирор.
Според изворот, неименуван клуб бил подготвен да му плаќа на 37-годишниот Португалец 243 милиони евра годишно. Сепак, Роналдо сега може да ја преиспита својата одлука и да ја прифати понудата во зима.
Не така одамна, претседателот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија – Јасир Ал-Машал откри дека сака да ја види суперѕвездата во локалното првенство.
Роналдо се обиде да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во клуб кој учествуваше во Лигата на шампионите, но неговите планови пропаднаа. Тој има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година.
Португалецот е незадоволен од малата минутажа што ја добива под водство на Ерик тен Хаг. Тој допрва ќе постигне гол за Манчестер Јунајтед оваа сезона – ниту во Премиер лигата, ниту во Лига Европа. Фудбалерот забележа 6 натпревари во Премиер лигата, најмногу како резерва. Има и еден натпревар во Лига Европа.