Португалскиот напаѓач на Реал Мадрид поднесе нова жалба пред апелацискиот суд во Мадрид, во која тврди дека обвинувањата се без основа и направени според своеволно толкување на законите. Со ова писмо Роналдо ги отфрла сите обвинувања и одбива спогодба, без која тој може да заглави во затвор.
Шпанските даночници последната година поднесоа повеќе жалби против фудбалери за користењето офшор компании и за користењето бизнис-договори за користењето на правата на ликот, но повеќето од нив се согласија да платат дел од данокот за да избегнат затвор. Ваков беше случајот со Лионел Меси, Нејмар, но и со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.
Шпекулациите, по барањето за исплата на парите од Роналдо, велеа дека тој е подготвен да се пресели од Шпанија и да замине од Реал Мадрид бидејќи смета дека ова е нефер одлука. Ќе се види дали одлуката на Роналдо да оди контра системот ќе има среќен крај.