ФУДБАЛ

Роналдо одигра 100 натпревари за Јувентус, а потоа рече: „Погодете што…“

Вечерва Јувентус ја победи Џенова со 3:1 како гостин во натпреварот од 11-то коло на италијанската Серија А.

Јувентус успеа да победи на крајот од натпреварот кога Кристијано Роналдо постигна два гола од белата точка.

За Роналдо ова беше 100-ти натпревар во дресот на Јувентус и тој веќе постигна 79 голови и додаде 19 асистенции. После натпреварот, тој се огласи на Твитер со јасна порака до навивачите на овој клуб.

“Нема подобар начин да го прославам мојот 100-ти натпревар за Јувентус од постигнувањето на два гола за тимот. Горд сум што ја достигнав оваа бројка во дресот на Старата дама, но погоди што: веќе имам на ум да постигнам 100 гола за Јувентус”, рече Роналдо.

 

ПОВРЗАНО

Серија А