На почетокот на декември ќе познат добитникот на Златната топка за оваа година, а многумина сметаат дека главниот кандидат за таа награда е Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец со Реал ја освои Лигата на шампионите и со Хрватска стигна до финалето на Мундијаот, а после тоа ја освои наградата на УЕФА за најдобар играч на Европа и наградата на ФИФА за најдобар играч на Светското првенство.
Досегашнотот искуство ни кажува дека освојувачот на наградата на УЕФА за најдобар играч на Европа ја освојува и Златната топка, па многумина сметаат дека така ќе биде и оваа година. Сепак, Роналдо верува дека тој треба да го освои ова признание и открива кој му се најголемите ривали.
„Досега тоа го кажав многупати, не ми е опсесија да ја освојам Златната топка по шести пат. Јас длабоко во себе знам дека сум најдобар играч во историјата. Секако, би сакал да го освојам и шестото признание, би лажел ако кажам дека не е така. Работев напорно за тоа. Исто како што работам на тоа да постигнувам голови и да победувам на натпреварите, но тоа не ми е толкава опсесија како головите и победите. Сепак, мислам дека го заслужувам и шестото признание“, рече Роналдо па продолжи:
„Мислам дека ривалите ќе ми бидат исти како и досега, но не знам дали овој пат ќе биде Меси на подиумот. Значи, да кажеме дека тоа се Салах, Модриќ, Гризман, Варан и Мбапе. Сепак, ќе почекам да видам дали сите овие играчи ќе бидат на врвот и по десет години, како што бевме Меси и јас и како што се уште сме“, рече Роналдо.