Кристијано Роналдо пред две години реши да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус што беше изненадување за сите.
Роналдо пристигна во Старата дама за конечно да го донесе трофејот во Лигата на шампионите во овој клуб, но тој сè уште не го стори тоа. Пред неколку месеци широко се шпекулираше дека Роналдо сака повторно да ја смени околината, но тие приказни сега скоро исчезнаа.
Но, Франс Фудбал реши да го допре Роналдо и неговиот статус во Јувентус. Тие најавија дека Роналдо во полусезона решил дека дефинитивно ќе го смени клубот во текот на летото затоа што имал голема понуда од ПСЖ.
Парижаните беа подготвени да го направат најплатениот играч на светот и Роналдо имаше желба да потпише за овој клуб и усно сè беше договорено, но договорот падна во вода. Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, јасно е дека ПСЖ не може да ги исполни сите услови што му ги ветил на Роналдо, па Португалецот се премисли.
Франс Фудбал пишува дека Роналдо имал желба да формира тандем со Нејмар и Мбапе што би било навистина спектакуларно. Но, со доаѓањето на коронавирусот се смени сè, а најверојатно Роналдо ќе остане во Јувентус барем уште една сезона.