Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, не го криеше задоволството по натпреварот со Виљареал, во кој го постигна голот што му донесе победа на неговиот тим во финишот, но и во кој стана играч со најмногу одиграни натпревари во историјата на Лига на шампиони.
„Понекогаш ние играчите се обидуваме да ја завршиме нашата работа, да играме добро и да постигнуваме голови, но нема реализација“, започна разговорот Роналдо за клупската телевизија, а потоа продолжи:
„Навивачите ја имаат и улогата дека кога ни е тешко, мора да не туркаат. Затоа секогаш ги прашувам дали можат да ни го направат тоа. Тие ни даваат мотивација да продолжиме да играме, да трчаме и да веруваме. Тоа го почуствувавме на натпреварот против Виљареал. Сите сме среќни заедно. Ова е многу важна победа за нас и сега сме на вистинскиот пат“.
Славниот Португалец се најде во стартниот состав на Манчестер Јунајтед против Виљареал, што е рекордни 178 натпревари за него во елитното клупско натпреварување во Европа.
Досега го делеше првото место со својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, голманот Икер Касиљас, кој ја заврши кариерата и остана на број 177.
„Најмногу настапи во историјата и постигнување голови. Каква прекрасна ноќ за мене! Морам да напоменам дека однесувањето на тимот беше најважно овде. Ова е друго поглавје, друго убаво поглавје за мене! Пресреќен сум, поради рекордот, поради голот што ни донесе важна победа!“, рече меѓу другото Роналдо.
The biggest factor in last night's comeback victory? Each and every one of 𝘆𝗼𝘂 ❤
Well said, @Cristiano 💯#MUFC | #UCL
— Manchester United (@ManUtd) September 30, 2021