ФУДБАЛ

Роналдо планираше да биде херој, но неговото барање на крајот стана бесмислено

Кристијано Роналдо е најголемата sвезда и најдобриот играч на Јувентус, а синоќа сакаше да биде херој на Јувентус во финалето на Купот на Италија.

Натпреварот на Олимпико беше решен со изведување на пенали. Наполи ја однесе победата со подобро изведување на пенал, што значи дека Роналдо за прв пат во кариерата загуби две финале во низа.

Пред изведувањето на пеналите, одличниот Португалец го замоли Маурицио Сари да биде изведувач во петтата серија. Тој се надеваше дека ќе шутира клучен удар, но на крајот тој дури и не доби шанса затоа што Пауло Дибала и Данило промашија порано.

Барањето на Роналдо на крајот стана целосно бесмислено, со оглед дека тој не шутираше исто како на Европското првенство во 2012 година, кога Португалија загуби од Шпанија.

Уште тогаш, најпопуларниот фудбалер на денешницата побара да го изведе петтиот пенал, но ризикот не се исплати бидејќи Црвената фурија беше поуспешна, па Роналдо дури и не доби шанса да се соочи со Икер Касиљас.

Сепак, во 2016 година, работите тргнаа во насока како што предвидуваше Роналдо. Во финалето на Лигата на шампионите, португалскиот ас го шутираше последниот пенал против Атлетико Мадрид и секако го постигна триумфот на Реал.