Легендарниот „Ел феномено“ одлучи да остане во спортот, но на поинаков начин. Поранешниот фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан откри дека е спремен да купи клуб во Англија или Шпанија, но втората лига.
Сакам да направам нешто иновативно. Мислам дека сум подготвен и за овој предизвик, изјави 41-годишниот Бразилец.
Англиските и шпанските медиуми веќе информираат дека е голем бројот на клубови кои се сериозни со понудата на Роналдо.