ФУДБАЛ

Роналдо пред натпреварот со Интер: „Дербито на Италија го има истиот шарм како Ел Класико“

Фудбалерите на Јувентус утре го пречекуваат Интер на свој терен во рамки на големото дерби од 26 коло од италијанската Серија А.

Штета е што Дербито на Италија ќе се игра на празни трибини поради одлуката на раководството во Серија А, откако се појави коронавирусот на северниот дел на оваа земја.

Сепак, сигурно е дека ќе имаме многу возбудлива игра на екипи кои се натпреваруваат за Скудетото. Пред овој натпревар за италијанските медиуми зборуваше Кристијано Роналдо, кој навивачите на Јувентус најмногу го очекуваат на утрешното дерби.

Роналдо изјави дека за него Дербито на Италија го има истиот шарм како Ел Класико, во кое играше како играч на Реал Мадрид цели девет години. Интересно е што дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра утре, скоро во истиот термин како дуелот помеѓу Јувентус и Интер.

„Ќе биде одличен натпревар исто како судирот меѓу Реал Мадрид и Барселона кој исто така се игра во недела вечер. Натпреварот против Интер е меч кој со нетрпение го чекате, исто како и натпреварот против Милан и Лацио. Сите играчи сакаат да играат вакви натпревари. Не сме среќни што нема да има навивачи, но за нас останува истата цел, да победиме и да одиграме добар натпревар. Здравјето е на прво место и ако најдобро решение е да немаме навивачи, тогаш ова е вистинската одлука“, рече Роналдо.

 

ПОВРЗАНО

Серија А