Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед има многу оган.
Исто така, се чини дека новиот тренер Ерик тен Хaг не може да ги постави работите како што сака, барем не се уште, бидејќи има одредени промени во играта на Манчестер, но соблекувалната е таа што го прави проблемот по сите сметки.
Поразот во дербито од Манчестер Сити со резултат 6:3 беше тежок удар за црвените ѓаволи по четирите последователни победи во кои славеа.
На клупата беше Кристијано Роналдо, што е ситуација која во последно време се почесто ја гледаме, а легендарниот Рој Кин ја коментираше жестоко.
„Мислам дека клубот не го почитува Кристијано Роналдо. Се работи за преодниот рок кога требаше да го продадат Роналдо доколку тој веќе го изрази своето незадоволство“, рече Кин и додаде:
“Роналдо не е играч кој треба да седи на клупата. Тој е одличен играч, можеби најдобар во светот на сите времиња. Клубот не се постави добро во оваа ситуација”.
Очигледно е дека соблекувалната не е во ред, а прашање е колку Роналдо е виновен.
Работата да биде уште поголема, имаше несогласувања во тимот, а во центарот на вниманието беа Бруно Фернандеш и Лисандро Мартинез, кои имаа жестока расправија на полувремето од дерби натпреварот.
Англиските медиуми велат дека Фернадес бил бесен поради очајната игра на одбраната, но Лисандро не му останал должен. Тие се расправаа додека се упатија кон соблекувалната, а расправијата одекна во тунелот Етихад.
Во четврток Манчестер Јунајтед го очекува меч од третото коло во Лига Европа на гостувањето кај кипарскиот тим Омонија.