Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо вчера ги постигна првите голови во дресот на Старата дама и тоа во победата против Сасуоло со резултат од 2:1.
Роналдо постигнал гол во 50. и 65. минута, а по натпреварот, тој признал дека симнал голем товар на грбот.
“Среќен сум за победата и головите. Навистина сакав да ги постигнам првите голови оваа сезона и признавам дека бев малку нервозен. Не постигнав гол во првите три натпревари, но тренирав добро и знаев дека е само прашање на време кога ќе ми тргни” Роналдо рече, и продолжи:
“Добро се прилагодив на италијанскиот фудбал. Кога пристигнав од Реал Мадрид, очекувањата од мене беа големи и мислам дека ќе ги оправдав”.
Јувентус ќе ја започне Лигата на шампионите следната недела.
“Тоа е моето омилено натпреварување. Имаме тешка група, но треба да се концентрираме само на себе. Ако играме добро нема да има проблеми”, заклучи Португалецот.