Уште во 2020 година, протекоа информации дека тој бил еден од десетте среќници што резервирале место за новите Бугати. Страстен фан на Бугати, но и колекционер на автомобили, го избрал Чентодиеци за својот трет Бугати, пишува германски Билд.
Тоа е голема инвестиција, бидејќи автомобилот што го платил 9,5 милиони евра, денес многу веројатно вреди повеќе. Да потсетиме, ова е специјална серија базирана на Chiron, која му оддава почит на моделот EB110.
Придвижуван е од истиот 8.0 W16 мотор, но засилен со моќност од 1600 КС. Достигнува 100 км / ч за само 2,4 секунди, а не забавува до 425 км / ч.
Интересно е што Роналдо неодамна веќе купи реновиран Бентли Флајтинг Спар вреден четвртин милион евра оваа година, во кој што доаѓа на тренинзи.