ФУДБАЛ

Роналдо се посрамоти кога го прашаа за Вернер

Пензионираниот бразилски напаѓач Роналдо малку се посрамоти кога го прашаа што мисли за Тимо Вернер.

Одличните игри во Лајпциг го претворија Вернер во најдобриот и најскапиот германски напаѓач, и иако Челзи во меѓувреме го „капари“, тоа не значи дека сите слушнале за него.

Некогаш најдобриот напаѓач на светот, Луис Назарио де Лима, попознат како Роналдо, ги коментираше актуелните настани во денешниот фудбалски свет, но не знаеше многу кога го прашаа за Вернер.

„Вернер? Дали е тој од Баер Леверкузен?“, Праша Роналдо на настанот во Банко Сантандер, додавајќи:

„Сè уште не сум го гледал како игра. Јас гледам многу натпревари, иако многу помалку во последно време, но сè уште не сум го гледал“, искрено призна Бразилецот.

Потсетуваме, во четвртокот Челзи и РБ Лајпциг го потврдија договорот за трансфер на Вернер на „Стемфорд Бриџ“. Целиот договор чинеше 55 милиони евра.