Кристијано Роналдо одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години.
Утрово „црвените ѓаволи“ го официјализираа доаѓањето на Роналдо на „Олд Трафорд“, кој пристигна од Јувентус за 15 милиони евра.
Роналдо мина три сезони во Јувентус, а пред неколку дена ги изненади сите со својата одлука да ја напушти Старата дама. Португалецот се поврзуваше со Манчестер Сити, но на крајот одлучи да се врати во Театарот за соништа.
Јунајтед утрово потврди дека Роналдо се вратил и дека потпишал двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
Откако беше официјализиран трансферот, Роналдо одлучи да објави на Инстаграм и рече дека му се остварил сонот да се врати во Манчестер Јунајтед.
“Сите што ме познаваат знаат каква љубов имам за Манчестер Јунајтед. Годините што ги поминав во овој клуб се неверојатни и патувањето што го поминавме заедно е напишано со златни букви во историјата на овој неверојатен клуб”, започна Роналдо и продолжи.
“Не можам ни да ви опишам како се чувствувам во моментов откако беше објавено дека се враќам на Олд Трафорд. Ова е остварување на сонот. Секој пат кога се враќав тука да играм против Јунајтед чувствував љубов и почит од навивачите на трибините “.
“Мојот прв премиерлигаш, ФА Куп, покана за португалската репрезентација, прва Лига на шампиони, Златна копачка и Златна топка дојде поради специјалната врска помеѓу мене и Црвените ѓаволи. Историјата е напишана во минатото и историјата повторно ќе се запише. Го имате мојот збор. Еве ме и се враќам таму каде што припаѓам. П.С. – Сер Алекс, ова е за вас”.
View this post on Instagram